еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ТВ Нова ќе остане без дозвола

Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) до Советот на агенцијата ќе поднесе предлог за одземање на дозволата за телевизиско емитување на телевизијата „Нова“, која е речиси два месеци во стечај, пренесува Мета.

Според дневниот ред на утрешната седница на Советот на ААВМУ, тоа би можело да се случи и утре.

Според Агенцијата, телевизијата која беше сопственост на бизнисменот Сеад Кочан, газда на „Трансмет“, вчера писмено ги известила дека по отворањето на стечајот на 22 јуни годинава, стечајниот управник ги одјавил сите вработени што фигурирале на платниот список.

Бидејќи сега телевизијата не го исполнува условот да има најмалку 30 вработени, од кои најмалку 10 новинари, Агенцијата му препорачува на својот директор да ја почне постапката за одземање на дозволата на телевизијата, која во текот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ важеше за провладина.

Мета

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вработена на студентски прашања крадела пари од студентите на Економски факултет

Редакција

„Градежна мафија и слаби институции во држава каде владее мафијата“: Груевски за пресудата за „Космос“

Редакција

Во Египет ќе може да патуваме со електронска виза

Редакција