Алкалоид АД Скопје преку Македонската берза го објави бизнис планот за 2023 година.
Бизнис планот за 2023 година предвидува консолидирани продажби на компанијата од над 256 милиони евра, што претставува раст од 10% во однос на очекуваните за 2022 година.
-Сегментно, по профитни центри, 88% од консолидираните продажби се очекува да ги реализира ПЦ Фармација, а 12% ПЦ Хемија, козметика и билкарство.
Се очекува 33% од консолидираните продажби да бидат остварени на домашниот пазар, додека, пак, 67% – од извоз.
Планираниот биланс на успех предвидува раст од 9% на консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (EBITDA).
Консолидиранaтa нето-добивка е предвидена со раст од најмалку 7% во однос на очекуваната за 2022 година, велат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Алкалоид станува партнер на СОС Детско село