еМагазин
Image default
Бизнис

Алкалоид во првиот квартал инвестирал 346,5 милиони денари и има 47 нови вработувања

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари-март 2023 година на Алкалоид АД Скопје изнесуваат 346.520 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2022 година бележат раст од 59%, соопшти компанијата преку Македонската берза.

-Во периодот јануари-март 2023 година во Алкалоид АД Скопје се реализирани 47 нови вработувања во Македонија.

Со одлука на Управниот одбор на Алкалоид, во март 2023 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата во висина од нето износ од 36.500 денари.

Групацијата Алкалоид брои 2.678 вработени, од кои 2.039 се во земјата, а 639 се вработени во подружниците во странство, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алкалоид во првиот квартал со раст на добивката за 22% и на приходите за 20%

Оливера Панева нов член на Управниот одбор на Алкалоид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Затворот Скопје вработува 16 лица, плата до 46.540 денари

Редакција

Селаудин Арифи, сватот на Ахмети и официјално го презеде „Жито Караорман“

Редакција

Мерките за влез во Грција остануваа исти до следната недела

Редакција