Вкупните инвестиции во основни средства на Алкалоид АД Скопје во периодот јануари – септември 2021 година изнесуваат 850.639.878 денари, информираат од компанијата.
Во овој период во „Алкалоид“ се реализирани 178 нови вработувања во РС Македонија.
“Со одлука на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје, во март 2021 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата, во висина од 100% од просечната исплатена нето-плата од работник во претходните три месеци во РС Македонија.
Исплатениот надомест од вработен е во износ од 31.167 денари бруто, односно 28.050 денари нето.
Групацијата „Алкалоид“ брои 2.511 вработени, од кои 1.933 се во базата во Скопје, а 578 се вработени во подружниците во странство“, велат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цената на акцијата на Алкалоид за 9 месеци пораснала за 26,5%
Алкалоид со раст на добивката, извозот и продажбата
Фото: Алкалоид