еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ако станам премиер ќе го екстрадирам Груевски во Македонија, најави лидерот на унгарската опозиција, Петер Марки-Зај

Лидерот на граѓанското Движење „Унгарија на сите“ (МММ) и кандидат на здружената унгарска опозиција за премиер Петер Марки-Зај најави дека доколку победи на парламентарните избори следната пролет, планира да ги екстрадира во нивните матични држави поранешниот македонски премиер Никола Груевски и јорданскиот бизнисмен Заиф Нафа, кои имаат азил во Унгарија.

Марки-Зај, во објава на Твитер нагласи дека станува збор за „криминални мигранти населени од (партијата) ФИДЕС“ на актуелниот унгарски премиер Виктор Орбан.

– Ќе ги избркаме криминалните мигранти населени од ФИДЕС. Ќе ги екстрадираме Никола Груевски од Македонија, Заид Нафа од Јордан и други криминални мигранти населени од ФИДЕС, наведе Марки-Зај во објава на Твитер.

Груевски доби азил во Унгарија во 2019 година, откако пред три години побегна од земјава по изречената правосилна пресуда за издржување затворска казна.

Здружената унгарска опозиција на прелиминарно гласање организирано минатиот месец го избра 49-годишниот Марки-Зај, кој е градоначалник на Вашархељ, за заеднички кандидат за премиер на Унгарија, кој на парламентарните избори во април следната година ќе му се спротивстави на актуелниот премиер Орбан и неговата конзервативна популистичка партија ФИДЕС.

Според анкетите на јавното мислење, на изборите во април се очекува неизвесна битка меѓу ФИДЕС и коалицијата составена од шест опозициски партии и независни политичари предводена од Марки-Зај.

МИА/Фото: Фејсбук/Груевски/Марки-Зај

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи по средбата со бугарскиот колега Стоев најави интензивни контакти до клучните состаноци на ЕУ во декември

Редакција

Фракцијата на ВМРО-ДПМНЕ бара обединување во партијата и пратениците да не потклекнуваат на уцени

Редакција

Се уште неизвесно доаѓањето на рускиот министер Лавров во Скопје, за министерката Петровска тој не е добредојден

Редакција