еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Османи по средбата со бугарскиот колега Стоев најави интензивни контакти до клучните состаноци на ЕУ во декември

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој престојува во дводневна работна посета на Брисел, на маргините на состаноците на ЕУ и ПСЈИЕ во Брисел, се сретна со неговиот бугарски колега Светлан Стоев.

– Ја потврдивме важноста и посветеноста кон напредокот во процесот на европската интеграција, регионалната соработка и добрососедството во регионот на Западниот Балкан, а разменивме видувања и за последните политички случувања, по завршувањето на изборните циклуси и во двете земји.

Ја повторивме својата решеност за продолжување на конструктивниот пристап и добрата волја во билатералните односи.

Истовремено, ја поздравивме подготвеноста за динамизирање на работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања со надеж дека Комисијата во наредниот период ќе изнајде начини за постигнување на конкретни резултати, кои се во интерес на двете страни, објави Османи на неговиот Фејсбук профил.

Додава дека до одржувањето на клучните состаноци на ЕУ во декември, се очекува да бидат интензивирани контактите преку постојните форми на одржување на состаноци, се со цел да се изнајдат најдобри решенија во интерес на постигнувањето на наредните исчекори во процесот на интеграција кон Европската унија.

– Само отворениот дијалог и непосредната соработка претставуваат најсигурен показател за одговорноста и посветеноста кон мирот и стабилноста, перспективите на регионот, како и успешното справување со сите видови предизвици со кои заедно се соочуваме, на Османи на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи во посета на Брисел, најавена средба и со неговиот бугарски колега Стоев

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Го заложил имотот без согласност од Собранието: Кривична пријава за директорот на МРТВ, Цветковски

Редакција

Поради недостиг од судии, третина од кривичните предмети во Прилеп пред застарување

Редакција

На барање на директорот на АНБ, Димовски, седницата за Онишченко затворена за јавноста

Редакција