еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поради недостиг од судии, третина од кривичните предмети во Прилеп пред застарување

Алармантна е ситуацијата во прилепското судство поради недостиг од судии. Работат шест судии, а наскоро ќе останат четворица судии. Иако има делегиран судија од Ресен, никој не може да стигне да ги решава сите случаи и една третина, главно кривични, се пред застарување.

Според Жарко Стеваноски, претседател на Адвокатската заедница од Прилеп во крајно неповолна и неправедна состојба се и судиите и граѓаните.

-Ситуацијата е алармантна. Од една страна Судскиот совет е принуден да постапува според критериумите на Европската комисија, а од друга страна судовите се соочуваат со обемен број предмети и недостиг од кадар. Најалармантна е ситуацијата во прилепскиот основен суд.

Судските предмети, според годишните извештаи, се во просек од 20.000 до 22.000. Во нив се и наследени предмети од претходните години, од 3.000 до 5.000 предмети. Со овој кадар во судот во незавидна ситуација се судиите, бидејќи се во нерамноправна положба при годишното оценување, зашто судат и кривични и граѓански предмети, а најголема штета трпат граѓаните.

Со години судот функционираше со 15 судии, со ист број предмети, а сега се шест судии. Уште двајца ќе заминат во пензија, а еден судија е делегиран од Ресен. Трпат и судиите, дискриминирани се, а и граѓаните. Во ваква ситуација сметам дека барем една третина од наследените кривични предмети се пред застарување, објаснува Стеваноски.

Граѓанските спорови се, главно, на вечните имотно-правни односи, оставинските постапки, а се зголемува бројот на разводите. Како новина се фиктивните разводи за заминување во странство, вели адвокатот Живко Јакимоски.

-Во последно време во пораст се бракоразводните парници. Дел од нив се објективни и еден процент се бракови кои се фиктивни за добивање статус на лице кое би заминало во странство за таму да добие престој и да се ожени со државјанка од западните земји. За пофалба се напорите на останатите судии кои се обидуваат да го покријат целото подрачје, вели Јакимоски.

Водењето судска постапка, за граѓаните, е релативно скапо. Имајќи ја предвид економската состојба, граѓаните тешко се решаваат да поведат судска постапка.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клиниката за нефрологија работи нормално, здравствените работници со Ковид-19 имаат лесна форма на болеста

Редакција

Нови 186 случаи на заразени со Ковид-19 од 1.674 тестирања: Најмногу во Скопје, Куманово, Кочани и Струмица

Редакција

„Прво беше милијардата на Циле, па 8 милијарди инвестициски циклус на Грујо, сега 5 милијарди на министерот и премиер Заев…„: Твитер реакции

Редакција