Во однос на новата провокација од страна на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, дека „со народот зад Деве Баир, Бугарите се еден народ“, министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека „европратеникот можеби мислел на 3.000 Бугари кои живеат во Македонија, и ако е така, во ред, но и дека самиот Џамабски треба да каже на што мислел.“
Инаку, Османи денеска даде отчет за сработеното и истакна дека „со „францускиот предлог“ државата е извлечена од балканскиот вртлог и се лансирала на патот на европеизација.
– Знам дека јавноста сè уште е поделена, а убеден сум дека направивме добра и стратешка одлука за којашто времето ќе покаже дека тоа било така и успеавме во последен момент да ја извлечеме државата од балканскиот вртлог и да ја лансираме во еден неповратен пат на европеизација и стабилизација, но и зголемување на стандардот за граѓаните, додаде тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: МНР