еМагазин
Image default
Македонија

Судот ја одби тужбата на Вилма Русковска против ВМРО-ДПМНЕ

Основниот граѓански суд-Скопје ја одби тужбата за клевета на обвинителката Вилма Русковска поднесена против Игор Јанушев и Христијан Мицкоски, односно против опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

Тужбеното барање не е усвоено, а на странките во рок од осум дена ќе им биде доставена писмената пресуда, каде истата ќе биде и образложена.

Инаку, обвинителката Вилма Русковска покрена тужба за клевета против опозициската партија поради предизборните спотови на ВМРО-ДПМНЕ кои се емитуваа за време на кампањата пред парламентарните избори што се одржаа на 15 јули годинава.

Во два рекламни спота „Криминална приказна“ и „Штаб на лагите“, обвинителката Русковска беше претставена како слуга на СДСМ.

Обвинителката Русковска во тужбата наведува дека преживеала анксиозност, душевна болка и загриженост, додека пак од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ се бранеа дека доколку судот пресуди во нејзина корист, ќе се загрози слободата на изразување.

Адвокатот на обвинителката Вилма Русковска денеска изјави дека ќе почекаат да ја добијат писмената пресуда и соодветно на образложението во пресудата, на истото ќе се жалат.

Мета/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од бугарското здружение “Иван Михајлов“ ќе се жалат во Стразбур откако добија негативно мислење за името

Редакција

Од 27 април до 15 мај полицискиот час да биде од 21 часот и да работат летните тераси на угостителските објекти, предлага Главниот координативен кризен штаб

Редакција

Денеска втор обид за завршни зборови во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово

Редакција