еМагазин
Image default
Македонија

Нема одговорност за Мицкоски, Обвинителството за „Боемска“ бара парични казни за објектот, сопственичката и вработениот

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за издавање казнен налог против две физички лица и едно правно лице во случајот „Боемска“.

Станува збор за угостителскиот објект во кој на 3 јуни во внатрешноста беа послужени пет гости, меѓу кои беше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, спротивно на здравствените протоколи.

Затекнатите гости, како што стои во соопштението од судот, не подлежат на кривична одговорност.​

– Обвинетите, на 3 јуни, во периодот од 13:30 до 18:00 часот, во угостителски објект на улицата „Боемска“, не постапиле согласно прописите и наредбите за спречување на ширењето на заразната болест COVID-19.

Првообвинетата, како сопственик и управител-менаџер на обвинетото правно лице, не го организирала процесот на работа на угостителскиот објект согласно Протоколот за отворање и работа на угостителски објекти за исхрана.

Второобвинетиот – вработен во правното лице, во наведениот период го отворил внатрешниот, затворен дел на угостителскиот објект за работа, каде со храна и пијалоци биле послужувани пет гости.

Со овие дејствија обвинетите сториле кривично дело санкционирано во ставот 1 од член 206 од Кривичниот законик, а правното лице – кривично дело предвидено во ставот 2 од истиот член, се наведува во соопштението од Судот.

Предлогот на обвинителот е двете физички лица да бидат казнети со парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 25 евра, а за правното лице се предлага парична казна во висина од 150.000 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сашо Мијалков и Бедредин Ибраими одат во притвор

Редакција

Голема акција на МВР: Десетина полициски службеници приведени поради фалсификување патни исправи и лични документи

Редакција

Општина Охрид не бара од Владата да ги преземе надлежностите, туку заедно да работат по препораките на УНЕСКО

Редакција