еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Денеска втор обид за завршни зборови во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово

Во Основниот суд во Тетово денеска треба да продолжи судскиот процес со завршни зборови на Обвинителството и одбраната на обвинетите кои се товарат за неколку кривични дела поврзани со пожарот во модуларната болница во септември 2021 година кога загинаа 14 луѓе.

Ова е втор обид да има завршни зборови откако рочиштето на 25 април беше одложено за денеска поради отсуство на еден од обвинетите, тогашниот директор Флорим Бесими. Неговиот адвокат, кој беше присутен на судењето пред пред две недели, образложи дека Бесими поради здравствени причини не може да присуствува на судењето. Судијата Јордан Велковски го закажа почетокот на рочиштето во 10 часот.

Доказната постапка во судскиот процес заврши со последните сведоци кои беа сослушани на 6 април.

Поранешните директори, Флорин Бесими и Артан Етеми се товарат за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека докторот Бобан Вучевски за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Клиничката болница како правно лице се товари за две кривични дела – „предизвикување општа опасност“ и „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Обвинетите на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението, но дека не чувствуваат вина. Судењето започна во декември 2022 година.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

59-годишна жена загина во пожар во куќа во Лозово

Редакција

Стопанска банка Битола со добивка од 42,69 милиони денари во третиот квартал

Редакција

Постигнат договор за личните документи помеѓу Србија и Косово

Редакција