еМагазин
Image default
Македонија

Денеска уште поголема фреквенција на луѓе на граничниот премин со Косово

Граничниот премин Јажинце и втор ден бележи драстично зголемување на фреквенцијата на патници кои излегуваат од државата или влегуваат од Косово и покрај високите бројки на заболени од Ковид-19.

Во текот изминатите 24 часа од вчерашниот ден, кога беше овозможено излез и влез без ПЦР тест, вкупно 3.065 лица ја поминале границата.

-Вкупно 741 македонски државјани во текот на 12.10 влегле на територијата на Република Северна Македонија, а 1.434 излегле. Во државата влегле и 554 странски државјани, додека излегле 336 лица со различни пасоши.

Во текот на 13.10 денес до 12 часот на македонска територија влегле 86 македонски државјани, додека излегле 387 лица. Од странци влегле 400 додека излегле 94, информира Жарко Трпевски, командир на граничен премин Јажинце.

Полициска станица за гранички проверки Јажинце пред укинување на задолжтеилниот ПЦР тест бележеше само по 20-тина луѓе дневно кои ја преминуваат границата со Косово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер во „црвено“ за одлуката на Владата за отварање на границата без ПЦР тест само со Косово

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца новопочинати од корона вирусот, вкупно до сега 147

Редакција

Двајца пациенти починале од корона вирусот, еден од нив на пат кон болницата во Охрид

Редакција

Кривична за Спасовски од синдикатот

Редакција