еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривична за Спасовски од синдикатот

Синдикатот на полицијата до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава за поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Кривичната се однесува и на други три лица – членови на дисциплинска Комисија за утврдување на дисциплинска одговорност при СВР Штип.

Кривичната, како што информираа од Синдикатот е заради основано сомнение дека сите заедно сториле кривично дело “Несовесно работење во службата“ предвидено по член 353-в став 5 од Кривичен законик.

-Имено пријавените во својство на службени лица – во еден наврат, ги пречекориле границите на своите службени овластувања на тој начин што со повреда на законските прописи за спроведување на управна постапка, со пропуштање на должен надзор несовесно постапувале во вршењето на своите овластувања и должности и со тоа на оштетените Б.Д и Е.Д. им нанеле материјална штета.

Пријавените иако требало и биле должни да постапуваат согласно закон, истите постапувајќи спротивно на член 196 став 3 од Законот за внатрешни работи, ги пречекориле границите на своите овластувања постапувајќи спротивно на член 196 став 3 од ЗВР од моментот при спроведување и одржување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност па се до изрекување на решение на министерот за внатрешни работи со што иако биле свесни и должни да ја прекинат постапката заради настаната апсолутна застареност истите продолжиле се до донесеното незаконско решение, информираа од Синдикатот.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Францускиот предлог“ уште не стигнал во МНР, тврди Османи, Милошоски не му верува

Редакција

Изречени 777 казни за неносење заштитна маска

Редакција

Во пожарот кај Велес изгоре 200 хектари борова шума, дел од железничка пруга, свињарска фарма и викендичка

Редакција