Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 314 пациенти позитивен и суспектен на коронвирусот, информираат од Министерство за здравство.
„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 34 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 27 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 16 пациенти, во Велес се лекуваат 25 болни, а во Куманово 54 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 35 пациенти, во Прилеп 35 во ковид центарот во Гостивар 19, а во Струга 11 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 26 пациенти, во Кочани 1 во Кичево 13, Кавадарци 20, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 598 и има околу 650 празни болнички кревети во ковид центрите.
Фото: МЗ