еМагазин
Image default
Свет

Вакцината на „Фајзер“ најверојатно штити од новите видови на Ковид-19

Вакцината против Kовид-19 што ја развија Фајзер и БиоНтек најверојатно штити од позаразниот вид на вирусот откриен во Велика Британија, што се рашири ширум светот, покажуваат резултатите од најновите лабораториски тестови на германската компанија.

Анализите на БиоНтек се извршени преку крвта на учесниците во новото испитување спроведено на синтетички вирус со 10 мутации, карактеристичнио за варијантата позната како „Б117“.

„Фајзер“ минатата недела соопшти дека слична лабораториска студија покажала дека вакцината е ефикасна против една од клучните мутации, наречена „N501Y“, што се откриени во Велика Британија и во Јужна Африка.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од коронавирусот во светот заразени над 90.000 лица, досега починале 3.119

Редакција

„Виз ер“ најави основање на „Виз ер Абу Даби“

Редакција

Кока-Кола го презема Коста, еден од светските брендови за кафе

Редакција