еМагазин
Image default
Македонија

Судот ја одби гаранцијата од над 1,9 милион евра, Камчев останува во притвор

Бизнисменот Јордан Камчев останува во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, откако Кривичниот совет во Основниот кривичен суд ја одби понудената гаранција.

Како што потврдуваат од Основниот кривичен суд во Скопје, Камчев, кој е обвинет во случајот „Плацеви на Водно“, на ваквата одлука има право на жалба во рок од три дена до Апелација.

Бранителот на Камчев, адвокат Еленко Миланов, минатата недела на прес-конференција, информираше за понудената гаранција за тој да се брани од слобода – недвижен имот од нешто над милион и седумстотини илјади евра и готовински парични средства од 200 илјади евра, истовремено реагирајќи дека во постапката по редоследот на обвинителниот акт неговиот клиент Јордан Камчев е петтообвинет и единственото лице коешто во изминативе пет-шест месеци, се наоѓа во притвор.

Случајот „Плацеви на Водно“ го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Според обвинението, поранешниот премиер, кој е во бегство, Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот“, неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари“, а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Црногорскиот премиер Марковиќ: Македонија требаше да се грижи да не побегне Груевски

Редакција

По средбата на Заев со Адеми, ќе се знае дали ќе се поништи дел од конкурсот на Министерството за култура

Редакција

Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба во следните 30 дена во целата држава

Редакција