еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Американската амбасадорка убедена оти „Бехтел“ работел транспарентно и законски, опозицијата критикувала заради политички поени

Американската амбасадорка во Македонија, Анџела П. Агелер е уверена дека процесот во кој е инволвиран „Бехтел“ е целосно транспарентен и законски, бидејќи, како што вели, тоа е начинот на кој функционира оваа компанија, во спротивно не би имала проекти насекаде во светот и неколку во регионот на Западен Балкан.

Агелер во интервју за МИА изрази разочарување поради тоа што опозицијата без да располага со сите факти и информации го критикува проектот, нагласувајќи оти тоа го прави од политички причини, за добивање политички поени.

Во врска со разногласијата на власта и опозицијата за договорот со „Бехтел и Енка“, при што за првата тоа е договор на столетието, а за втората грабеж на столетието, но и за нејзиното присуство на свечениот настан, кое јавноста го прими како нејзина поддршка за проектот, Агелер нагласува дека таа како амбасадорка и Американската амбасада прават се што е во нивна моќ за промоција на американските инвестиции во земјава. Агелер нагласи дека тоа е во интерес не само за американските инвеститори и компании, туку тоа е мошне поволно и за граѓаните на оваа земја.

-Сметам дека мошне е разочарувачки тоа што тие во опозицијата критизираат без сите факти или критизираат нешто за што немаат информација. Тоа го прават едноставно само за да бидат против Владата, да тоа е работа на опозицијата, но истовремено сум целосно уверена дека процесот во кој е инволвиран „Бехтел“ е целосно транспарентен и законски, бидејќи тие работат на тој начин, инаку не би имале проекти насекаде во светот и одреден број тука во регионот на Западен Балкан, ако не беа доверлива компанија и граѓаните на оваа земја ќе бидат мошне среќни да ги имаат коридорите 8 и 10 д, кога ќе бидат комплетирани.

Разговорите мислам се уште траат, но сметам дека е жално што има такви, кои ќе застанат на патот едноставно за да заработат политички поени, нагласи Агелер во интервјуто за МИА.

МИА/Фото: Американска амбасада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Директор во Комерцијална купи 100 акции на Банката

Редакција

„Фармахем“ го доби тендерот на Институтот за трансфузиона медицина за набавка на реагенси за крвна анализа вреден 622.000 евра

Редакција

Година на арбитражи: Владата соочена со исплата мултимилионски штети

Редакција