еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Американската телевизија Фокс Њуз ќе плати 787,5 милиони долари за да избегне тужба за клевета за изборите во 2020 година

Фокс Њуз ќе плати 787,5 милиони долари на производителот на електронски гласачки машини „Доминион“, после синоќешен договор во последен момент со кој е избегната тужба против радиодифузерот поради нејзините систематски тврдења дека компанијата се занимавала со „кражба“ гласови со цел Доналд Трамп да изгуби во претседателски избори 2020 година во САД.

Телевизискиот канал нагласи дека „ја зема предвид судската одлука која утврди дека одредени тврдења за Доминион се лажни“, како што рече судијата во наредбата од 31 март дека „кристално е јасно дека ниту едно тврдење за Доминион на изборите во 2020 година не е точно“.

„Лагите имаат последици“, рече адвокатот на Доминион, Џастин Нелсон, објавувајќи ја сумата што Фокс њуз се согласи да ја плати – 787,5 милиони долари. Компанијата што ја брани првично барала 1,6 милијарди долари.

Договорот го спасува бисерот на медиумската империја на Руперт Мардок од она што Њујорк Тајмс го опиша како „судење за клевета на векот“ и го поштедува Мардок (92) да мора да сведочи на суд.

Судењето со нетрпение се чекаше во САД, каде што се смета за тест за границите на слободата на изразување гарантирани со Првиот амандман на Уставот, како и борбата против дезинформациите.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 530 случаи на Ковид-19 од 1.999 тестирања

Редакција

Починаа уште четворица заразени од корона вирусот, вкупната бројка е 393

Редакција

Германија ги смени правилата за тестирање на Ковид-19 при влез во државата: Што е предвидено за македонските државјани

Редакција