еМагазин
Image default
Свет

Германија ги смени правилата за тестирање на Ковид-19 при влез во државата: Што е предвидено за македонските државјани

Од вчера, 15 септември се сменија правилата за тестирање на повратници при влез во Германија, но тоа не ги засега патниците од Северна Македонија. За нив до крајот на месецот важи бесплатното тестирање, но потоа- карантин, пишува „Радио Слободна Европа“.

Досега тоа течеше на следниот начин: кога ќе се допатува со авион, се застанува во ред пред мобилната станица за тестирање каде се зема брис.

Патникот потоа треба да инсталира бесплатна корона- апликација на својот мобилен телефон на која, вообичаено во рок од 48 часа, ќе го добие резултатот од тестот. Доколку е позитивен, Заводот за јавно здравје ќе го контактира телефонски. Додека чека на резултати од тестот, патникот е должен да биде во самоизолација.

Доколку патникот доаѓа со автомобил и одлучи да не се тестира на некоја од станиците за тестирање на автопат, тоа подоцна може да го стори бесплатно и во следните 10 дена во некоја лабораторија или кај својот матичен лекар.

Во спротивно, мора да мине 14 дена во карантин. Тоа важи дури и тогаш кога патникот на влезот нема да добие никаков документ или известување. Казните за непочитување на овие правила во некои покраини се огромни.

Што се смени во однос на другите земји?

За разлика од повратниците од ризичните земји- за каква што се сметаат Северна Македонија и остатокот од Западниот Балкан, како и уште 130 земји во светот- кои се обврзани да се тестираат при влезот во Германија, доколку немаат негативен тест со себе, или да минат 14 дена во карантин, повратниците од земји кои не се сметаат за ризични досега можеа да се тестираат доброволно и бесплатно.

Од 15.09. повратниците од земји кои не се ризични повеќе нема да се тестираат кога ќе посакаат, туку само доколку имаат симптоми или постои сомнеж за зараза.

Радио Слободна Европа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вреќи со пари најдени во домот на потпретседателката на Европскиот парламент, Ева Каили во Брисел

Редакција

Украинците ги менуваат сообраќајните знаци, за да ги збунат Русите во окупацијата

Редакција

СЗО: Лекот „Ремдесивир“ не делува врз коронавирусот

Редакција