еМагазин
Image default
Свет

Американската војска ќе се вакцинира со Глаксо вакцината против Ковид-19

Пентагон соопшти дека потпишал договор од 342 милиони американски долари со британскиот фармацевтски гигант „Глаксо Смит Клајн“ (ГСК) – GlaxoSmithKline (GSK) за снабдување „масовни количини вакцини против Ковид-19 за американската војска“.

Во соопштението се наведува дека ГСК е единствената компанија што доставила понуда според договорот, што би се состоело од доставување на вакцината до „персоналот во воени објекти во САД и пошироко“.

Работата ќе биде извршена во Северна Каролина „со проценет датум на завршување на 28 февруари 2021 година“, се вели во соопштението на Пентагон.

Американската армија ќе го контролира спроведувањето на проектот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Хаос на улиците по силниот земјотрес во Перу

Редакција

(Вознемирувачко видео) “Не ни требаат ковид-тестови, треба да јадеме„: Протестите против ковид-ограничувањата во Кина се шират низ земјава

Редакција

Преполовени профитите на европските банки поради корона кризата

Редакција