еМагазин
Image default
Македонија

Американскиот државен секретар Мајк Помпео следната недела доаѓа во земјава

Aмериканскиот државен секретар Мајк Помпео следната недела патува за Ватикан, Црна Гора, Северна Македонија и Грција, објави Стејт департментот.

Во Северна Македонија Помпео ќе има средби со претседателот Стево Пендаровски и  премиерот Зоран Заев. Во Охрид ќе го посети манастирскиот комплекс „Св. Богородица Перивлепта“.

Од Северна Македонија заминува за Атина, Грција, каде ќе се сретне со премиерот Киријакос Мицотакис и шефот на дипломатијата Никос Дендиас.

Помпео оди и во Италија каде ќе се сретне со Папата Францис и ќе учествува на меѓуверски симпозиум организиран од Ватикан. Во Рим ќе има средби со претседателот Серџо Матарела, премиерот Џузепе Конте и министерот за надворешни работи Луиџи Ди Мајо.

Во Црна Гора ќе има средби со претседателот Мило Ѓукановиќ, премиерот Душко Марковиќ и министерот за надворешни работи Срѓан Дармановиќ.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регистрирани 301 прекршок за неносење маски во изминатото деноноќие

Редакција

Припадниците на МВР патролно ги контролираат лицата во изолација поради корона вирусот

Редакција

Што содржи предлогот на Орбан за посредување во спорот на Македонија со Бугарија?

Редакција