еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Фрчат огласи за државни вработувања додека се бара лек за вишокот во администрацијата

Не стивнуваат реакциите во јавноста по најавата дека Владата подготвува план за реорганизација и намалување на бројот на вработени во администрацијата, а пред се околу мерката  да се субвенционираат повисоки плати на оние административци кои ќе прејдат во приватниот сектор.

Втората и колку толку пореална мерка е да им се обезбеди преквалификација на администртивците со што полесно би се снашле на пазарот на труд.

Сепак, најголеми се ракциите во јавноста околу прашањето зошто Владата тврди дека сака да го намали бројот на вработени во администрацијата кога од почетокот на годинава до денес се распишани стотици огласи за нови вработувања во повеќе државни институции.

Најдобар показател за тоа е што само во последните неколку дена беа распишани огласи за вработување на околу 40 лица во министерства, собранието, различни инспекторати…

Така, беше објавен оглас за вработување на 10 државни службеници во Министерство за труд и социјална политика – Државен инспекторат за труд.

Потоа беа распишани огласи за вработување на 8 државни службеници во Министерство за образование и наука – Биро за развој на образованието, на 3 државни службеници во канцеларијата на претседателот на македонската Влада, на 16 државни службеници во македонското Собрание, на 6 државни службеници во Министерство за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат…

Се наметнува прашањето зошто Владата не ги пополни овие места со „вишокот“ во администрацијата туку вработува нов кадар?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манчевски: Работиме на сериозна стратегија за реорганизација на дел од вработените во државниот сектор

Како ли ви текна: Очајна мерка е да се субвенционираат плати за да си одат административци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зашто треба да им се лутиме на нашите политичари, а не на Макрон и Тимоние

Редакција

„Жешкиот костен“ сега кај Ципрас: Ќе го ратификува ли Грција договорот од Преспа?

Редакција

(Галерија) Пендаровски ги одликуваше Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов, Ремзи Несими и Живко Мукаетов со Орден за заслуги

Редакција