еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Шпаркасе со купувањето на Охридска банка ќе ги загрози Стопанска, НЛБ и Комерцијална банка

Големи промени на македонскиот банкарски пазар се очекуваат по завршувањето на купопродажбата на Охридска банка од страна на австриската Штаермеркише Шпаркасе, која е мнозински сопственик на Шпаркасе банка Македонија, со 99% од акциите на банката.

По соединувањето, Шпаркасе банка Македонија и Охридска банка ќе станат еден од најголемите играчи на пазарот и ќе ги загрозат позициите на големото банкарско трио Стопанска банка Скопје, НЛБ Банка и Комерцијална банка кои во изминативе години доминираа во земјава.

Затоа не треба да зачудува што Комерцијална банка деновиве покажа интерес за купување на Еуростандард банка, од каде што не ја отфрлија можноста за продажба.

Штаермеркише Шпаркасе, со седиште во Грац, е една од најголемите регионални банки во југот на Австрија. Како членка на австриското Здружение на штедни банки (Шпаркасе Групацијата се состои од 49 штедни банки, со Ерсте Банка како предводник), е дел од една од најсилните банкарски групации во Европа.

Групацијата има долгорочна стратешка ориентација кон регионот од Западен Балкан, правејќи ја матичната банка партнер од доверба за Шпаркасе Банка Македонија и посветен инвеститор во Македонија, во целина. Штаермеркише Шпаркасе како универзална банка нуди широк спектар услуги за физички лица, за мали и средни претпријатија, за приватно банкарство, за големи клиенти и за државни институции.

Пред 20 години, Штаермеркише Шпаркасе започна да воведува стратегија на проширување во нејзиниот домашен пазар вклучувајќи ги и новите пазари од Југоисточна Европа (ЈИЕ). Како резултат на тоа, Штаермеркише Шпаркасе сега има стратешко банкарско учество во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и во Србија – ова е една од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот.

„Охрабрени од овие позитивни фактори и квалитетот на нашиот бизнис во земјата, на 28 февруари 2019 година Steiermärkische Sparkasse склучи договор со француската групација Сосиете Женерал за стекнување со до 100% од акциите на Охридска банка а.д. По завршувањето на оваа трансакција, која очекуваме да се оствари во последниот квартал од 2019 година, ќе станеме четврта по големина банкарска групација во земјата.

Нашиот удел на пазарот ќе се зголеми речиси тројно на околу 12% до 14%, а нашите вкупни средства ќе надминат 1 милијарда евра. Ова е одлична основа за нашето работење во Северна Македонија во наредните години. Искрено се надевам дека економскиот раст, брзината и квалитетот на процесот на интеграција во ЕУ ќе го следат истиот тренд како и нашите банкарски активности – ние ќе го дадеме најдоброто од себе да го поддржиме ова“, вели Сава Далбоков, член на Управниот одбор на Штаермеркише Шпаркасе во годишниот извештај на банката за 2018.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со купувањето на Охридска банка од Шпаркасе: Глигор Бишев повторно меѓу „најголемите“ во банкарскиот пазар

Дали Комерцијална банка „се плаши“ од продажбата на Охридска банка?

Почнува продажбата на Охридска банка

Еуростандард банка одговори на Комерцијална банка во врска со купувањето

Комерцијална банка заинтересирана за купување на Еуростандард банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пандемијата Ковид-19, топ тема во читаностa на „еМагазин“ изминатава година

Редакција

(Фото) Како ги минува Ѓорѓе Иванов последните денови како претседател?

Редакција

Не бегам од одговорност, но здравствениот систем е комплексен и мора да се менаџира, вели Филипче

Редакција