еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Дали Комерцијална банка „се плаши“ од продажбата на Охридска банка?

По најавите за почеток на продажбата на Охридска банка на Шпаркасе банка и покажаниот интерес на Комерцијална банка за купување на Еуростандард банка се чини дека конечно почнува процесот на окрупнување во македонскиот банкарски сектор.

Охридска банка вчера соопшти дека до Управниот одбор на банката е доставена понуда за преземање на акции издадени од Охридска банка АД Скопје и Проспект за понуда за преземање на акции поднесени од страна на Штајермеркише Банк и Шпаркасен АД.

Со тоа почна процедурата за продажба на банката која е дел од групацијата Сосиете Женерал од Франција.

Истовремено, Комерцијална банка АД Скопје преку Македонската берза ја извести јавноста дека ја разгледува можноста за стекнување акции издадени од Еуростандард банка АД Скопје, поради што е остварен контакт со раководството на банката за првична размена на информации.

„Во оваа рана фаза постапката не претставува намера за преземање и во ниту еден аспект нема обврзувачки карактер, освен да го изрази првичниот интерес во рамки на претходна постапка да се стекнат информации, врз основа на кои би се дефинирала евентуална намера за преземање во иднина.

Поради тоа, ова Известување не треба да се толкува како официјална Намера за преземање на акциите издадени од Еуростандард банка АД Скопје“, соопшти банката.

Сега се наметнува прашањето дали Комерцијална банка сака да ја купи Еуростандард банка за да остане во трка на пазарот односно за да одговори на соединувањето меѓу Шпаркасе и Охридска банка.

На 31.3.2019 година, во земјава функционираат петнаесет банки, што е преголем број за македонскиот пазар.

Бројот на банки во претежна странска сопственост е единаесет банки, а свои подружници во земјава имаат шест странски банки, покажуваат најновите податоци на Народната банка објавени во извештајот за ризиците во банкарскиот сектор во првите три месеци од годинава.

„Во првиот квартал од 2019 година, банките во претежна странска сопственост го зајакнаа своето најголемо учество во повеќето категории активности. Исклучок се депозитите од нефинансиски субјекти, каде што учеството на банките во претежна странска сопственост се намали, на квартална основа (за 1,4 процентни поени), но и натаму е најголемо (70,4%).

Од друга страна, банките во претежна странска сопственост имаат највисоко учество во кредитите на нефинансиски субјекти (80,4%) и во вкупниот финансиски резултат (78,4%)“, се вели во извештајот на Народната банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почнува продажбата на Охридска банка

Комерцијална банка заинтересирана за купување на Еуростандард банка

Доминација: Странци го собираат кајмакот во македонскиот банкарски сектор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Листа на имиња на повредените во трагичната несреќа, скопјани се нудат за помош на нивните роднини

Редакција

МВР потврди дека синот на поранешниот штипски градоначалник Захариев е пронајден мртов

Редакција

Минатата недела регистрирани 196 ковид случаи, преку Мој термин пријавени осум починати

Редакција