еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Минатата недела регистрирани 196 ковид случаи, преку Мој термин пријавени осум починати

Министерството за здравство, повикувајќи се на податоци од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), информира дека во текот на минатата недела, од направени 3.281 тестови, регистрирани се 196 нови случаи на Ковид-19, што е намалување од 14,8 проценти во однос на минатата недела.

Во текот на изминатата недела, не се пријавени починати лица. А согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, од 14 септември до 21 октомври, биле пријавени осум починати лица.

Минатата недела, регистрирани се 221 оздравен пациенти.

Од новозаразените 196, од Скопје се 127, Прилеп – 21, Охрид – 10, Битола – 8, Штип – 5, Кавадарци и Кочани – по 4, Неготино – 3, Куманово, Струмица и Кичево – по 2, Тетово, Велес, Гостивар, Струга, Гевгелија, Радовиш, Дебар и Македонски Брод – по 1.

Процентот на позитивност се движи од 1,5 отсто до 8,2 отсто, просечно 5,7 проценти.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 50 реинфекции со намалување од 9,1 отсто во однос на претходната недела (n=55).

-Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени кај возрасната група над 60 години (n=100; 51,0%). Намалување се забележува кај сите возрасни групи во однос на претходната недела, велат од Министерството за здравство.

Регистриран e 221 оздравен пациент, 5,6 отсто помалку во споредба со минатата недела (n=234): Скопје – 159, Прилеп – 14, Битола – 8, Штип и Кавадарци – по 5, Куманово – 4, Охрид, Кичево и Кочани – по 3, Велес, Гостивар, Струмица, Гевгелија и Ресен – по 2, Крива Паланка, Делчево, Берово, Виница, Кратово, Богданци и Македонски Брод – по 1.

Во текот на изминатата недела (31.10 – 06.11.2022) не се пријавени починати лица.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се 8 починати лица, од Скопје (3), Прилеп (2), Битола (1), Охрид (1) и Штип (1). Пријавените се на возраст од 70г до 95г, а починати се во период од 14.09.2022 до 21.10.2022 година. Од починатите лица, 5 се починати во болнички услови и 3 во домашни услови.

Во лабораторијата за вирусологија при ИЈЗ во текот на минатата недела се изработени 42 примероци на SARS-CoV-2, од позитивни примероци детектирани во текот на месеците септември и октомври од Велес, Скопје, Кавадарци, Битола, Кичево, Неготино, Гевгелија, Охрид и Струмица. Кај сите примероци е детектирана BA.5 сублинијата на Omicron сојот.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 344.342, бројот на оздравени пациенти е 334.556, на починати е 9.572, а бројот на активни случаи изнесува 214.

Од стартот на вакцинацијата против Ковид -19 на 17 февруари 2021 година заклучно со 6 ноември  вакцинирани се вкупно 875.849 лица со барем една доза на вакцина против Ковид-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 856.930 лица.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 81 оздравени од Ковид-19, најмногу од Скопје

Редакција

Првпат во историјата на Ватикан: Папата именува жена на две високи позиции во дикастерија

Редакција

Антикорупциска донесе одлука за запирање на предметот против екс-претседателот Иванов за унапредување и именување на лица во Армијата

Редакција