еМагазин
Image default
Забава

Тамара се разведува

По седум години брак пејачката Тамара Тодевска се разведува од поранешниот кошаркар Александар Димитровски-Мачка, со кога има две деца, потврди таа за  Убавина и здравје.

-Да, точно е дека се разделивме, но ќе продолжиме да одржуваме редовна комуникација. Ние имаме две деца, и многу е здраво и нормално децата да можат да растат и да поминуваат време и со својот татко. Ова не е ниту прв, ниту последен ваков случај.

За мене, искрено, многу важни се децата, нивните права и интереси да останат заштитени. Јас ја разбирам работата на медиумите и потребата од ексклузивни информации, но во овие моменти најмногу мислам на нив и сакам да останат настрана од оваа приказна, особено од медиумски преписки и слично.

И Хана и Дарен посетуваат училиште, градинка, веќе не се мали, разбираат и одговорноста на мене и Мачка е голема, пред сѐ да ги заштитиме нив, вели Тодевска.

Фото: Тодевска/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Промовирана евровизиската песна на Тамара: Во спотот се појавуваат голем број познати жени

Редакција

„Легендите живеат вечно“- концерт посветен на нашите музички великани на 4. октомври во „Македонска Филхармонија“

Редакција

„Архангел“ ќе одржат концерт на летната сцена „Славиша Кајевски“, на 2. октомври

Редакција