еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Не бегам од одговорност, но здравствениот систем е комплексен и мора да се менаџира, вели Филипче

Не бегам од одговорност и од прашањата. Секогаш сум достапен за кое било прашање и обид за дефокус нема, но здравствениот систем е комплексен и мора да се менаџира, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој на прес-конференција во Клиничкиот центар ги соопшти бројките за најновата состојба со Ковид-19 во државава.

Одговорајќи на новинарски прашања во врска со трагедијата во Тетово, Филипче рече дека модуларната болница била пуштена откако надлежните потврдиле дека се проверени сите инсталации, струјата, канализацијата и дали персоналот се однесува согласно упатствата.

Министерот повтори дека модуларните болници се концептот што го користи цел свет зашто овозможиле да се хоспитализираат сите ковид-пациенти. И сега има огромен број пациенти кои се лечат во ваквите објекти.

-Модуларните болници се модел без кој ниту една земја не ќе можеше да ја менаџира кризата. Направивме 700 болнички кревети за помалку од два месеца. Алтернатива на тоа ќе беше италијанското сценарио, да нема луѓето каде да се сместат и да не може да им се помогне.

Во ситуација на пандемија само модуларна болница е решение. За модуларната болница во Тетово не известија дека се проверени сите инсталации, струјата, канализацијата и дали персоналот се однесува согласно упатствата. Сите потрдија дека се е во најдобар ред, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Оставката на Филипче треба да се прифати, смета претседателката на Антикорупциска, Ивановска

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца загинати во пожар кај ресторан во Битола

Редакција

(Фото) Нема повредени, возилото изгорело за 3 минути: Експлозија во мерцедесот на Манасков, претседателот на Стопанската комора за енергетика

Редакција

Кој стои позади бугарскиот клуб „Шемето“, чиј копретседател, Кадриески, беше натепан

Редакција