еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Американскиот претседател Доналд Трамп и сопругата Меланија позитивни на Ковид-19

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на Твитер дека тој и сопругата Меланија се позитивни на Ковид-19. Како што наведе, двајцата одат веднаш во карантин.

Претходно соопшти дека неговата блиска соработничка, Хоуп Хикс (31) е позитивна на Ковид-19.

Хикс е најблискиот соработник на Трамп, кој е позитивен на Ковид-19, а според Би-Би-Си, таа патувала во авион со него на дебата со Џо Бајден во Охајо и била снимена како излегува од авионот без маска.

Таа исто така патуваше со Трамп со хеликоптер на митинг во Минесота.

Засега е непознато дали карантинот ќе влијае на втората дебата на Трамп со Бајден, што треба да се одржи на 15 октомври.

„Ќе видиме што ќе се случи“, изјави Трамп телефонски за „Фокс њуз“.

Блумберг јави дека Хикс при враќањето од Минесота покажала први симптоми на болеста.

МИА/Фото: News minute

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Иако беше најавено дека до 15 мај сите пријавени ќе добијат термин, помладите сепак ќе почекаат за вакцина, најави Филипче

Редакција

„Аутомотив груп“ го доби тендерот на Државниот инспекторат за техничка инспекција за набавка на теренски возила вреден 4,8 милиони денари

Редакција

Москва објави видео како руската војска дели хуманитарна помош во Мариупол

Редакција