еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Јана Стојановска: Мајка ми е невина, ќе бараме да се брани од слобода

Се потресов кога чув дека мајка ми е приведена, но за кратко, бидејќи набрзо е расчистено дека она нема никаква врска со дилање дрога, изјави македонската актерка Јана Стојановска за српскиот портал Република откако на нејзината мајка Силвија, исто така позната македонска актерка, неодамна и беше одреден куќен притвор за наводна вмешаност во меѓународна трговија со кокаин.

„Она е доведена во врска со овој случај поради братот на нејзиниот сопруг, кој се сомничи за шверц со дрога. Мајка ми без причина е приведена, она е невина. Не знам дали нејзиниот сопруг има врска со ова, тоа ќе го покаже истрагата. Тоа што знам е дека мајка ми нема никаква врска со криминал. Се чувме по сослушувањето, беше потресена, но сега е добро. Одреден и е куќен притвор, но ќе бараме да се брани од слобода“, вели Јана Стојановска.

Надлежните во Македонија се уште не излегоа со детали за овој случај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Веста за апсењето на актерката Силвија Стојановска одекна на Балканот

Приведена позната македонска актерка Силвија Стојановска во врска со заплена на дрога

Триесетдневен куќен притвор за актерката Силвија Стојановска

Фото: Фејсбук/Јана Стојановска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јанакиески и Ристоски нападнати во затворот Шутка

Редакција

Нови 256 случаи на Ковид-19, во Скопје 160

Редакција

Топ 10 најтргувани акции на Македонската берза во јануари

Редакција