Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев за Фокус вели дека протестот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, на кој повика е откажен откако се консултирал со министерот за здравство, Венко Филипче и претседателот на Комисијата за заразни болести, Д-р Жарко Караџовски.
„Но, тоа не значи дека отстапуваме од нашата цел Мицкоски да замине од челната позиција во партијата. Ќе имаме конференции во повеќе градови, еден вид на онлајн протести, бидејќи партијата мора да застане на цврсти нозе“, вели тој за Фокус.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Митко Јанчев повика на протест пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ за оставка на Мицкоски
Фото: ВМРО-ДПМНЕ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.