еМагазин
Image default
Македонија

Зошто под квалификативот „еден суетен новинар” се препознал Героски тоа треба него да го прашате, вели Заев

Во интервју за МИА, премиерот Зоран Заев, зборува за скандалозната изјава со кои ги навреди припадниците на ЛГБТИ заедницата, а од медиумиските организации го обвинија за атак врз слободата на новинарството.

Ви пренесуваме дел од интервјуто кој се однесува на изјавата:

И се извинивте на ЛГБТ заедницата, но медиумските организации го дефинираа ова како закана, атак врз слободата на новинарството и суетност на власта која треба да знае да трпи критика!? 

– Во изминатите две и повеќе години целосно ја отфрливме востановената режимска пракса на претходната власт да се вршат притисоци врз новинари, да се контролираат меидуми и да се користат државни ресурси за масовни рекламни пропаганди преплатени со пари на граѓаните.

Во овие две години Министерството за внатрешни работи постапува по случаите на закани и напади од минатото врз сите граѓани, и не служи веќе како апарат за репресија. Општеството е целосно растеретено и ослободено од режимскиот притисок, а со тоа и значително е намален бројот на закани и напади, и кон новинарите и кон ЛГБТИ лицата.

Медиумските организации и новинарскиот еснаф се целосно вклучени во сите медиумски реформи кои беа обезбедени за демократизација и професионализација на медиумската сфера до сега, а нивната улога во реформите останува клучна и во периодот којшто следува.

За подигнувањето на степенот на слобода и на условите за професионално и демократско работење на медиумите и новинарите говорат бројките и индикаторите на меѓународните организации кои се бават со слобода на изразување, како што е Репортери без граници.

Во исто време, моја обврска како премиер е да ги информирам граѓаните за сите појави во општеството и нивната позадина. Ова во никој случај не значи никаква закана, ниту застрашување, влијание или притисок врз било кого во неговата работа, без оглед какви се намерите.

Ако од некого сум бил погрешно разбран или протолкуван, навистина жалам и затоа го давам ова појаснување, но останувам на моите определби за кои претходно зборував како и на вербата во вредностите за кои отсекогаш сум се борел.

А, зошто под квалификативот „еден суетен новинар” се препознал новинарот Бранко Героски тоа треба него да го прашате“.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Героски: Се чувствувам небезбеден, жал ми е што Заев влезе во ваков филм

Героски до Кирацовски: Си пишувам глупости, оти немам попаметна работа

Бојан Јовановски: Јас сум тој за кој пишува Героски и за кој се изречени лаги и сериозни обвинувања

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Премиерот Зоран Заев во 12 часот ќе им се обрати на македонските граѓани

Редакција

Собранието пред распуштање, претходно пратениците треба да гласаат за законите за ЈО, за Советот на јавни обвинители и за одбрана

Редакција

Коневски ќе бара оставка од Мицкоски: Добронамерно те советувам да се посветиш на многубројното членство

Редакција