еМагазин
Image default
Македонија

Андон Сарамандов е нов градоначалник на Општина Гевгелија

Андон Сарамандов од ВМРО-ДПМНЕ е новоизбраниот градоначалник на Општина Гевгелија, кој според неофицијалните резултати од Државната изборна комисија (ДИК), во вториот круг од Локалните избори освои 56,88 отсто од гласовите, додека неговиот конкурент од СДСМ, Сашо Поцков, освои 38,67 отсто од гласовите.

Од вкупно излезените 13.266 граѓани, вчера во вториот изборен круг гласот за Сарамандов го дале 7.546 граѓани, додека за Поцков гласале вкупно 5.130 граѓани.

-Гевгелија покажа дека е проевропски ориентиран град. Победивме и докажавме дека градот сака промени. Јас и мојот тим се обврзуваме дека по оваа победа, изразена со разлика од преку 2.400 гласа предност, порача Сарамандов.

Тој додаде дека напорно ќе работат за доброто на сите граѓани на Општина Гевгелија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Првични неофицијални податоци на ДИК: Во вториот круг избрани градоначалници во 43 општини и Град Скопје

Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ е новиот градоначалник на Охрид

Стевчо Јакимовски повторно стана градоначалник на скопски Карпош

Арбен Таравари останува градоначалник на Гостивар

МИА/Фото: Фејсбук/ Сарамандов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Груевски ќе му се укинува пратеничката плата

Редакција

Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

Вестите од Бугарија не се охрабрувачки, вели Османи

Редакција