еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Ангела Меркел се вакцинираше со „АстраЗенек“

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска се вакцинираше против Ковид-19 со вакцината „АстраЗенек“, јави Дојче Веле.

Канцеларката Меркел, која во јули ќе наполни 67 години, веќе соопшти дека има намера да се вакцинира, но дека го чека својот ред.

И претседателот Франк-Валтер Штајнмаер претходно се вакцинираше, исто така, со вакцината „АстраЗенека“, и притоа изјави дека има доверба во вакцините што се одобрени во Германија.

По препорака на германската Централна комисија за вакцини, од почетокот на април само лицата на возраст над 60 години се вакцинираат со „АстраЗенека“.

Министрите за здравство на федералните провинции пред неколку дена одлучија помладите луѓе кои ја примија „АстраЗенека“ како прва вакцина, на ревакцинацијата да добијат Фајзер/БиоНТек или Модерна.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Унгарија, во договор со Романија, Словачка и Бугарија ќе забрани увоз на украинско жито

Редакција

Нови 128 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје и Штип

Редакција

Зошто продолжува да расте цената на становите во Скопје

Редакција