еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Потврдени 22 нови случаи на заразени со корона вирусот, најмногу во Скопје

Во изминатите 24 часа направени се 533 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на Ковид-19 и тоа во Скопје-8, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-3, Струга-1, Велес-4, Свети Николе-1 и Гостивар-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 1839, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 382.

Последната дистрибуција по градови е Скопје – 636, активни 143, Куманово – 416, активни 21, Дебар – 51, активни 0, Штип-38, активни 4, Прилеп –202, активни 59, Тетово – 150, активни 66, Струга – 71, активни 5, Велес – 125, активни 53, Битола –27, активни 8, Охрид –21, активни 6, Кавадарци – 5, активни 0, Гостивар –20, активни 3, Гевгелија – 4, активни 0, Струмица – 2, активни 0, Крива Паланка- 6, активни 1, Радовиш – 4, активни 0, Крушево – 3, активни 0, Кочани – 31, активни 4, Пробиштип – 2, активни 0,Кичево – 2, активни 0, Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, активни 0, Македонски Брод – 2, активни 0, Пехчево- 3, активни 1, Делчево-1, активни 0, Валандово -1, активни 0, Виница – 2, активни 0, Кратово-2, активни 1, Берово-1, активни 1, Свети Николе-1, активни 1.

“Направените 533 теста се преку: Институт за јавно здравје –256, Ветеринарен факултет -7, Авицена –12, Биотек -36, Филип Втори (Жан Митрев) –61, Систина со PCR метода  -53 и МАНУ -108.

Досега во земјата се направени вкупно 22.255 тестирања на Ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминативе 24 часа примени се 2 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 43 пациенти. Двајца пациенти се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 8 нови, а вкупно хоспитализиран 21 пациент. На респиратор се 4, a со потешка клиничка слика се уште 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 4 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување.

На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани  51 пациент, позитивни и сомнителни на Ковид-19“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Оздравени 50 пациенти заболени од корона вирусот, вкупно до сега 1.351

Починаа уште двајца пациенти заболени од корона вирусот, вкупно до сега 106

Направени 908 тестови на вработени во градинките, само еден позитивен на корона вирусот

Фото: Кабинет на претседател

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

28-годишна девојка се лекува на Клиника поради згрутчување на крвта по примена вакцина на „АстраЗенека“

Редакција

Силни жени од цел свет кога ќе се обединат на едно место, нема сила што може да ги спречи во остварување на целите

Редакција

Твитер-реакции за девојчето кое се удави, бегајќи од куче скитник: За смртта, виновни се институциите

Редакција