еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ангелов до Дардишта: „Намалете го вашето „патриотско“ доживување, обидот за обезбедување на ново парламентарно мнозинство е демократски процес“

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов ѝ одговори на Шкодране Дардишта од ДУИ, која се закани со војна, откако опозицијата соопшти дека има мнозинство во Собранието, кое ќе изгласа недоверба на Владата.

„Г-ѓо Шкодране Дардишта, вие можеби сѐ уште ги имате вашите стари чизми на таванот во старата куќа, но ние, во нашите заеднички полициски станици и армиски касарни имаме нови гојзерици.

Верувам дека некои од вас се’ уште ги кријат и своите стари пушки, но ние, во нашата заедничка македонска Армија имаме современо оружје и воена техника. Можеби вие сте подготвени за час да ги извадите белите патики и да облечети чизми, но некои од нас чизмите не ги соблекоа никогаш.

Патем, вашите некогашни пријатели денес се и наши пријатели, а нашата заедничка држава денес е членка на НАТО.

Понатаму, зборувате дека вие не сте сираци и сте никнале после војна, но не заборавајте дека нашите храбри предци, комитите и партизаните, низ многу крв, страдање и смрт, на парче македонска земја, успеале да создадат наша, македонска држава, држава која ние, македонските бранители, во 2001-та успеавме да ја одбраниме од вас, за денес да биде наша заедничка татковина, татковина на сите луѓе кои живеат во неа. Македонија, а не Илирида како што пишувате вие.

Вашиот текст го завршувате заканувајќи се’: „Не играјте со оган, затоа што на крај сами ќе изгорете во него“.

Јас би ви препорачал да го намалите вашето „патриотско“ доживување, бидејќи обидот за обезбедување на ново парламентарно мнозинство, колку да не ви се допаѓа вам, е сепак само обичен политички, демократски процес во кој учествуваат и две партии на Албанците од Македонија. Или, можеби тие се помалку Албанци од вас?

Г-ѓа Шкодране, на нашата заедничка татковина, Македонија, и треба стабилност, безбедност и мир, членство во ЕУ, демократија и економски напредок.

За жал изјави како вашите не’ не водат во тој правец. Затоа сосем за крај, апелирам до вас, бидете дама, оставете ја воинствената и распалувачка реторика на која најчесто наседнуваат младите, и, наместо со закани за војна, против политичките процеси борете се со политички и демократски средства,“ напиша Ангелов на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дардишта од ДУИ се закани со војна

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Кочани почна да го исклучува јавното осветлување за да штеди струја

Редакција

Агенцијата за цивилно воздухопловство вработува државни службеници, плата до 117.600 денари

Редакција

Корона-пандемијата се уште не можеме да ја прогласиме за умрена, вели министерот Сали

Редакција