еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) На градоначалникот на Кочани му се слоши за време на прес-конференција на Мицкоски

На градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов му се слоши за време на денешната прес-конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, која ја одржа со новоизбраните градоначалници.

Мицкоски прекина со зборување и се упати да види што се случува (15 минута од видеото).

„На денешната прес конференција за миг му се слоши на Љупчо Папазов, градоначалникот на Кочани. Се е во ред. Интензивен период беше, и тоа си го зема данокот…

Поминавме многу, ќе поминеме уште повеќе. Сложно и братски. А тој ќе мора да вети покрај другите работи на кои сите се обврзавме денес, дека нема да го прескокнува појадокот. Продолжуваме за новата иднина во која сите веруваме,“ напиша Мицкоски на неговиот Фејсбук-профил.

Инаку, на денешната средба со градоначалниците, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ побара промени во однесувањето, бидејќи како што рече „промените кои ќе ја донесат новата иднина треба да започнат и со промени во однесувањето на луѓето кои се одговорни за општините“.

„Како прво, имајќи предвид дека во програмите „Гарантирам” имаме предвидено сериозни капитални проекти, ќе побарам на состанокот после оваа прес-конференција од градоначалниците во наредните триесет дена да започнат со активности за реализација на најмалку три капитални проекти од инфраструктурен карактер со кој ќе решат значајни проблеми на граѓаните од тие општини.

Како второ, мојот совет до нив пред оваа прес-конференција беше да покажат скромност во делувањето, да се откажат од привилегиите кои во минатото од нивните претходници во претходниот мандат се злоупотребуваа, а кој самата функција како можност ги носи.

Потребно е да покажеме пред граѓаните дека тоа што го зборувавме, тоа и го мислиме, тоа и го работиме. Веднаш, а тоа, апелирам да го направат и оние градоначалници кои што не се од редовите на коалицијата Обнова на Македонија и на предлог на ВМРО-ДПМНЕ.

Веднаш да се откажат од употреба или злоупотреба на службените возила надвор од службените потреби на општината, како и да нема злоупотреби на средствата на општината за ненаменски трошења како што се ручеци кои што со својата сметка одговараат на нешто друго, а не на пристојно однесување.

Како трета работа, побарав да се излезе на терен и да бидат во постојана комуникација со граѓаните и заеднички да учествуваат во решавањето на нивните проблеми.

Нашето место како тоа и впрочем го зборувавме во кампањата, не е во удобните фотелји, туку меѓу народот на кому му треба помош, бидејќи народот лошо живее,“ рече Мицкоски.

Видео: МИА/Фотo: Фејсбук/Мицкоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каде да се информирате за рестрикцијата на летови поради состојбата со корона вирусот

Редакција

Побарувањето на Комерцијална банка од 3,3 милиони евра го одложи рочиштето за отворање на стечајна постапка на „Баргала“

Редакција

Весна Дамева се врати на чело на Судскиот совет, актуелниот претседател Сашко Георгиев поднесе оставка

Редакција