еМагазин
Image default
Свет

Анкета: Во светот расте довербата во вакцините против Ковид-19

Довербата во вакцините против Ковид-19 расте ширум светот и се повеќе луѓе се подготвени да ја примат, а истовремено се намалуваат стравувањата од несакани ефекти, покажуваат резултатите од студија спроведена во 14 земји.

Истражувањето е спроведено од Институтот за глобално здравје иновации при Империјал колеџ во Лондон (IGHI) и компанијата „ЈуГов“ (YouGov) и покажува дека довербата во вакцините е зголемена во девет од 14 земји, вклучувајќи ги Франција, Јапонија и Сингапур, каде претходно довербата во вакцините беша мала.

Според истражувањето, спроведено од 8 до 21 февруари, најподготвени за вакцинирање се Британците, од кои 77 проценти изјавиле дека сакаат да се вакцинираат против Ковид-19. Во ноември минатата година пред да биде одобрена вакцината на „Фајзер/БиоНтек“, само 55 отсто од Британците изразиле подготвеност да се вакцинираат.

Луѓето во Франција, Сингапур и Јапонија сепак се најмалку подготвени да примат вакцина против Ковид-19.

Во Франција, само 40 отсто од испитаниците изјавиле дека сакаат да се вакцинираат, а во Сингапур и Јапонија нивниот процент изнесува 48. Сепак, зголемување на подготвеноста е забележано и во овие три земји, бидејќи во ноември само 25 проценти од Французите, 36 проценти од Сингапурците и 39 проценти од Јапонците биле подготвени да се вакцинираат.

Резултатите покажуваат дека во поголем број земји е намален стравот од несакани ефекти на вакцината.

Французите (56 проценти), Сингапурците (59 отсто) и Јапонците (61 процент) се најмногу загрижени за можните нус ефекти од вакцината, а Британците се најмалку загрижени.

Во анкетата учествувале повеќе од 13.500 луѓе во Австралија, Велика Британија, Канада, Данска, Франција, Германија, Израел, Италија, Јапонија, Холандија, Норвешка, Сингапур, Јужна Кореја, Шпанија и Шведска.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Репортер во живо го фати моментот на вториот силен земјотрес во Турција

Редакција

„Фајзер/Бионтек“ уверени во ефикасноста на својата вакцина и против индиската мутација

Редакција

Бил Гејтс: Можеме да видиме дека доаѓа крајот на пандемијата

Редакција