еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Студија во која биле опфатени 600.000 лица покажува дека невакцинираните имаат 11 пати поголема веројатност да умрат од Ковид-19

Нова студија изработена во САД покажува дека вакцините против Ковид -19 обезбедуваат силна заштита од хоспитализација и смрт, дури и во случаи кога се работи за многу позаразната делта варијанта.

Студијата, која следеше 600.000 луѓе од април до средината на јули, покажа дека луѓето кои не биле вакцинирани имале повеќе од 10 пати поголема веројатност да бидат хоспитализирани и 11 пати поголеми шанси да умрат отколку оние кои биле целосно вакцинирани, пренесува „Гласот на Америка“.

Невакцинираните луѓе имале 4,5 пати поголема веројатност да се заразат, се вели во студијата објавена вчера од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

ЦДЦ, исто така, објави две други студии кои покажуваат дека заштитата добиена од вакцини опаѓа кај постарата популација, особено кај оние на возраст од 75 години и повеќе.

Студиите, исто така, покажуваат зголемување на полесни инфекции кај целосно вакцинирани луѓе.

МИА/Фото: Unsplush

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Иринеј бачки: СПЦ ниту го фаворизира, ниту може да го забрани името МПЦ

Редакција

Бугарскиот шоумен и лидер на партијата Има таков народ, Слави Трифонов ќе испрател „северномакедонски астронаут“ во НАСА

Редакција

Тестирајте се: Годинава регистриран 41 случај со ХИВ и тројца починати, најмладиот имал 21 година

Редакција