еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Citroen C4 – Автомобил на годината во Македонија за 2021

Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ годинава по 26. пат го организира изборот кој е најстарата манифестација и единствена од ваков вид во Македонија, информираат од таму.

Во Изборот учествуваат новинари со долгогодишни искуство и стаж во следењето на автомобилските новитети и случувања.

Од моделите пристигнати на македонскиот пазар помеѓу двата избора, националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ согласно Правилникот за работа и критериумите на изборот одбра осум возила кои влегоа во финалето: Citroen C4, Land Rover Defender, Nissan Juke, Peugeot 2008, Skoda Octavia, Seat Leon, Toyota Yaris и VW Golf.

„Покрај членовите на националното жири, право на глас имаа и финалистите, кои можеа да гласаат за еден кандидат, освен за сопствениот модел.

Возилото што ќе добие најмногу гласови од финалистите освојува еден глас кој е рамноправен со гласовите на членовите на жирито.

Годинава право на глас имаше и публиката. Преку организирање на онлајн гласање и претставување на сите финалисти, моделот што ќе добие најмногу гласови добива еден рамноправен глас со гласовите на членовите на жирито и гласовите на финалистите.

Согласно критериумите за избор, членовите на националното жири за избор на автомобил на годината во Македонија 2021, донесоа одлука титулата да му ја додели на моделот Citroen C4“, стои во соопштението на организаторите од каде ја образложуваат одлуката:

“Изграден врз целосно нова платформа, C4 прави квантен скок во однос на неговиот претходник. Со мулти-енергетската архитектура, која овозможува во едно возило вградување на бензински, дизел и чисто електричен погон, одлучно исчекорува кон иднината.

Citroen C4 импресионира со концепцијата давајќи нова димензија на семејните хечбек возила. На границата на компактните кросовери, тој непогрешливо ќе знае да ги исполни сите очекувања, преминувајќи ги детерминирањата поставени од класната припадност.

Новиот C4 ја сублимира децениската интенција на Citroen за иновативен пристап во интерпретацијата на високата технологија притоа применувајќи дизајнерска креативност која никого не остава рамнодушен“.

Во гласењето моделот Citroen C4 добил три гласа, а по еден глас добиле моделите Toyota Yaris, Skoda Octavia и Land Rover Defender.

Според Правилнкот за избор, победник е моделот што ќе добие најмногу гласови.

Членовите на жирито му доделиле три гласа на моделот Citroen C4, а еден глас добил моделот Toyota Yaris.

Гласот од финалистите годинава го добил моделот Land Rover Defender.

Во онлајн гласањето спроведено преку платформата на www.coty.mk биле регистрирани вкупно 9.512 гласа. Моделот Skoda Octavia добил најмногу гласови – 1.820.

Признанието СУВ на годината го доби моделот Peugeot 2008.

Признанието EV на годината (електричен автомобил), го доби Peugeot 2008.

Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ по четврти пат го додели и признанието „Томислав Биљарац“, во чест на доајенот на македонското автомобилско новинарство, основач и прв претседател на Националното жири за избор за автомобил на годината во Македонија.

Наградата се доделува за посебни придонеси и резултати во автомобилската индустрија.

Одлуката на Националното жири е признанието „Томислав Биљарац“ за 2021 година да биде доделена на Вилјем Хорват.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Арачиново ќе добие 30 милиони денари неповратна помош поради ковид-кризата

Редакција

Лавров доаѓа во Скопје, Бугарија го отвори небото

Редакција

Поради голем интерес: Објавен втор повик за субвенции за печки на пелети

Редакција