еМагазин
Image default
Бизнис

Општина Арачиново ќе добие 30 милиони денари неповратна помош поради ковид-кризата

На денешната владина седница е донесена Одлука за одобрување на средства од Буџетот за 2020 година во висина од 30.000.000 денари на Општина Арачиново, како еднократна неповратна финансиска поддршка, за справување со потешкотиите во тековното работење настанати поради Ковид-19 кризата.

На оваа седница е донесена и Одлука со која е одобрена предлог листа на проекти од општини за финансирање од дополнителни средства кои се обезбедија со пренамената на финансиските средства од ТАВ што беа предвидени за изградба на карго аеродром во Штип.

Со оваа одлука се обезбедени 35 милиони евра за 99 проекти за 75 општини кои се одобрени за изградба и реконструкција на локална патна инфраструктура, за водоснабдителна мрежа, за канализациони мрежи, за реконструкција изградба на градинки и училишта и спортски објекти, за реконструкција и изградба на здравствени установи, и за други проекти што ги предложија општините и што се прифатени со оваа одлука на Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цементарница Усје оствари добивка од 17,2 милиони евра

Редакција

Колку заработиле радиостаниците Антена 5, Канал 77, Метрополис и Јон лани

Редакција

Телеком Србија, преку МТЕЛ, од пролет стартува и со понуда за мобилна телефонија, вели генералниот директор, Владимир Лукиќ

Редакција