еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Јанкулоска излезе од затвор за викенд и се сретна со Мицкоски, среде „војната“ со Груевски

„Средба силна колку Горде. Неправдата никогаш не нè скршила!“, напиша на „Фејсбук“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој денеска се сретна со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Јанкулоска излезе од затворот Идризово користејќи го правото на викенд отсуство што е овозможено со измените на Правилникот за распоредување, класификација и разместување на осудените лица во казнено-поправните установи. Првпат, ова право Јанкулоска го користеше кога се донесоа измените на Правилникот.

Средбата Мицкоски-Јанкулоска следи по вчерашната Централен комитет на партијата, на кој биле реафирмирани ставовите кои беа изнесени во јавноста минатите денови, а тоа, како што беше наведено во партиското соопштение е дека ВМРО-ДПМНЕ го осуетила „планот на власта, на оската ДУИ – СДС и поранешни функционери на опозицијата кои одлучиле да се стават на нивно располагање, преку валкани дилови за причини само ним познати, а кои директно ќе одат на штета на македонскиот народ“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски ги повика членовите и раководството на ВМРО-ДПМНЕ да не му веруваат на Мицкоски

Централниот следуваше по јавните препукувања меѓу Мицкоски и поранешниот лидер Никола Груевски.

-Дополнително, се потврди силната кохезија која ја има пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, од почеток до крај сите 44 пратеници, во однос на неприфаќање уставни измени под бугарски диктат. Воедно, падна во вода и тезата која власта ја пласираше години наназад во јавноста дека партијата ја раководат други лица, затоа што различностите се очигледни денес, соопшти синоќа ВМРО-ДПМНЕ.

Фејсбук препукувањата меѓу сегашниот и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ почнаа откако Мицкоски во изјава за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг” истакна дека Груевски се наоѓа во тајна комуникација со Владата и оти „за да издејствува уставни измени, Владата подготвува валкани дилови“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Мицкоски против Груевски значи дека има 80 пратеници за гласање?“: Твитер реакции

Прeписките продолжија и вчера, кога Мицкоски порача дека партијата никогаш не била покохезивна и изразувајќи згрозеност остро ги осуди наводите за „оската Ахмети-СДСМ-Груевски за обезбедување на пратеници“, а Груевски преку Фејсбук, одговори со контра напад, порачувајќи дека е цел на жестоки напади „во време кога Мицкоски и Заев повеќе од половина година не ги негираа објавите на медиумите за нивна блиска соработка и заеднички планови“ и им порача на членовите на партијата, активистите и сите во раководството „да размислуваат со своја глава“ и дека има „многу начини да ја изразите лојаноста кон партијата без да станете дел од нечесни игри“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мириса на уставни измени

Од СДСМ, пак на Мицкоски му порачаа „воопшто да не ја меша СДСМ во меѓусебната пресметка и сам да си ги решава кавгите“, а ДУИ тврди дека будно ја следи големата загриженост во редовите на ВМРО- ДПМНЕ и длабоките поделби што се појавуваат во битката меѓу интеграција и изолација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Георгиевски до Груевски: Се што ми направи мене сега ти го прават тебе

МИА/Фото: Мицкоски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со Ковид-19 во Македонија се заразиле вкупно 782 здравствени работници, оздравеле 663

Редакција

(Фото) Поранешната министерка за финансии Нина Ангеловска „облече“ боксерски ракаваци

Редакција

Убава вест: Оздравени 128 од Ковид-19, најмногу од Скопје 57

Редакција