еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Антикорупциска: Поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување потпишувал документи откако му истекол мандатот

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) ќе побара одговорност од членовите на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување, бидејќи во 2019 година не распишале конкурс за избор на нов директор, а тогашниот директор Орхан Рамадани, потпишувал документи со истечен мандат, информираа од Антикорупциска.

„Државната комисија на оваа седница постапи по предметот оформен по пријава од непознат подносител (анонимна пријава), со наводи за сомневање за незаконско постапување на еден од директорите на ФЗОРСМ, кој по истекот на неговиот мандат на 26.05.2019 година, во период од еден месец и десет дена потпишувал акти, решенија, согласности и други документи што се во делокругот на работа на директор на Фондот.

Имено, ДКСК достави до Владата на Р. Северна Македонија Иницијатива за поведување постапка за утврдување на одговорност на членовите на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија (во натамошниот текст: ФЗОРСМ), поради основаност на сомневањата за сторени прекршувања на членот 56 став 1 точка 12 и член 57 став 3 од Законот за здравствено осигурување во 2019 година со неизвршување на дадените законски надлежности во роковите утврдени во Законот за здравствено осигурување поврзани со необјавување на конкурс за избор на директор на ФЗОРСМ во утврдениот законски рок, што е утврдено во случајот со директорот на Фондот, Орхан Рамадани.

Непостапувањето на Управниот одбор на ФЗОРСМ согласно утврдените рокови во Законот за здравствено осигурување овозможило преземање на незаконски дејствија и донесување на незаконски одлуки од страна на директорот Орхан Рамадани, во период од еден месец и десет дена кога неговиот мандат бил истечен.

На оваа седница ДКСК го разгледа Известувањето од 18.02.2021 година доставено од Владата со кое ја извести ДКСК дека по поднесената Иницијатива генералниот секретаријат на Владата на Р.Северна Македонија со допис од 16.02.2021 година до Управниот одбор на ФЗОРСМ упатил Укажување за потребата од доследно почитување на позитивните законски прописи како и почитување на сите законски рокови со цел навремено и законито постапување, по што ДКСК заклучи дека иако од страна на Владата на РСМ е формално постапено по Иницијативата на ДКСК, не е постапено во насока на барањето содржано во истата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Лепливи раце“ објави нова „бомба“: Ден Дончев снимен како зема пари

Редакција

Груевски: Камчев ако сака и болницата и банката нека им ги даде за да си ја купи слободата, но нека не ме меша мене

Редакција

„Белата палата“ на продажба: Со колкав имот располага ВМРО-ДПМНЕ?

Редакција