еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Антонио Крстаноски доби награда за најдобар истражувачки труд-управување со ризици во осигурувањето

Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) додели награда за најдобар истражувачки труд на млад научник на тема од областа на управување со ризици во осигурувањето, информираат од таму.

Наградата на младиот научник Антонио Крстаноски, студент на Факултет за туризам и угостителство – Охрид, насока осигурување, му ја додели проф. д-р Крсте Шајноски, претседател на Советот на експерти на АСО.

Плакетата на Крстаноски му беше доделена по повод одбележувањето на Националниот ден на осигурувањето –1 ноември, а за трудот кој е избран за победник предвидена е годишна награда во износ од 80.000 денари.

Трудот на авторот Антонио Крстаноски “Трендови во концентрацијата на пазарите на осигурување во Источна Европа” ги испитува трендовите во концентрацијата на пазарите на осигурување во Источна Европа од 2010 до 2020 година. Во анализата се вклучени 28 земји од Источна Европа, а исто така и македонскиот пазар на осигурување е вклучен во анализата.

Приложените анализи во трудот покажуваат дека концентрацијата на пазарите на осигурување во Источна Европа значајно опаѓа во периодот пред и по воведувањето на новата регулатива Солвентност 2, а додека пак во периоди на економски и здравствени кризи, пазарната концентрација се зголемува што укажува дека поконцентрираните пазари се постабилни во периоди на неизвесност поради издржливоста на поголемите компании. Исто така, поголемата економска развиеност и подобрата регулација се поврзани со поконкурентни пазари на осигурување.

Во заклучниот дел, авторот укажува на тоа дека пазарите на осигурување во Источна Европа се карактеризираат со значајна разноликост во поглед на ефикасноста и структурата на националните осигурителни сектори и имаат повеќе специфичности. На крај, заклучува дека поконцентрирани осигурителни сектори функционираат подобро во време на кризи, додека пак, во време на отсуство на кризи помалку концентрирано сектори се поповолни.

Целта на конкурсот е да послужи како стимулација за развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Фон дер Лејен пристигна во Македонија, прво се сретна со Пендаровски, разговарале за уставните измени

Редакција

„Телелинк бизнис сервисис“ го доби тендерот на АЕК за набавка на хардверска платформа вреден милион евра

Редакција

Џамија во Арачиново доби подарок комбе од Агенцијата за управување со одземен имот

Редакција