еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Фон дер Лејен пристигна во Македонија, прво се сретна со Пендаровски, разговарале за уставните измени

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен пристигна во Македонија.

Првата средба вечерва ја имаше со претседателот Стево Пендаровски.

Од неговиот Кабинет информираа дека разговарале и за уставните измени.

-На средбата беа разменети мислења за стратешката важност од спроведување на измените на Уставот и натамошните импликации врз европската перспектива на земјава, велат од таму.

Било разговарано и за процесот на пристапните преговори на земјава за членство во Европската Унија, за актуелните политички случувања во Македонија и за тековните состојби во регионот, информираа од таму.

-Во таа насока беа разменети информации за натамошните фази во преговорите по завршување на скриниг прoцесот и за динамиката на спроведување на реформите, велат од неговиот Кабинет.

На средбата било разговарано и за претстојниот извештај на Европската Комисија за напредокот на Македонија како земја-кандидат, како и за Планот за раст на Западниот Балкан, при што претседателот Пендаровски се заблагодарил за поддршката и посветеноста од Европската Унија на политиката на проширување и интеграција на земјите од Западен Балкан.

Утре Фон дер Лејен ќе се сретне и со премиерот Димитар Ковачевски, а според официјалната агенда не е предвидена средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Фото/видео: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на Фондот за здравство за набавка на масло за греење вреден 4,7 милиони денари

Редакција

Османи да дели пасоши на шалтерот во МРТВ, а не во Минхен

Редакција

Украина приоритет во македонското претседавање со ОБСЕ

Редакција