еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Жалам што Израел наместо хуманитарна пауза, ги интензивираше своите воени операции, вели генералниот секретар на ОН

Генералниот секретар на Обединетите Нации (ОН), Антонио Гутереш денеска предупреди дека ситуацијата во Појасот Газа е „сè поочајна“, изразувајќи жалење што Израел ги „интензивирал своите воени операции“.

– Ситуацијата во Газа станува се поочајна од час во час. Жалам што Израел, наместо многу потребната хуманитарна пауза, поддржана од меѓународната заедница, ги интензивираше своите воени операции, рече Гутереш за време на посетата на Непал по четири дневен престој во Катар.

Тој го окарактеризира како целосно неприфатлив бројот на убиени и ранети цивили во војната меѓу Израел и Хамас предизвикана од нападите на исламската екстремистичка организација Хамас на 7. октомври на израелска територија.

Повеќе од 1.400 луѓе беа убиени во Израел, главно цивили, најмногу на тој ден, кога според израелските власти беа однесени 230 заложници во Појасот Газа.

Хамас, кој владее со Газа, тврди дека повеќе од 8.000 Палестинци, главно цивили, се убиени во континуираните израелски бомбардирања од почетокот на војната.

Шефот на ОН го повтори повикот за итен хуманитарен прекин на огнот и апелираше за „континуирана испорака на хуманитарна помош на ниво што ги задоволува потребите на населението на палестинската територија“.

– Светот е сведок на хуманитарна катастрофа што се одвива пред нашите очи, рече Гутереш, додавајќи дека повеќе од два милиони луѓе, кои немаат каде да одат безбедно, се лишени од основните потреби за живот, храна и вода, како и медицинска нега додека бомбардирањето продолжува.

Во војната меѓу Израел и Хамас загинаа 10 Непалци, а единаесеттиот не се знае каде се наоѓа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Морбидно: Израелци се исмеваат со маката на Палестинците на социјалните мрежи

(Видео) Оваа се новинарите кои не известуваат што се случува во Газа

(Видео) Над 1 милион во Истанбул, повеќе од 100 илјади лица во Лондон: Протести за катастрофата во Газа низ целиот свет

МИА/Фото: ОН

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан Бајрам: Кои се обичаите

Редакција

„Ассеко СЕЕ“ го доби тендерот на Катастарот за одржување на податочен центар вреден 172.000 евра

Редакција

Речиси исполнет капацитетот на Инфективна клиника со заразени од корона вирусот: Од 110 кревети, 93 се полни

Редакција