еМагазин
Image default
Македонија

Антонио Милошоски оди во самоизолација, неговата мајка позитивна на Ковид-19

Поранешниот пратеник и министер за надворешни работи Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил објави дека оди во самоизолација, затоа што неговата мајка била позитивна на Ковид-19.

„Драги пријатели, мојата мајка Светлана Милошоска, која 40 години работи како медицинска сестра во болницата во Кичево, попладнево ме извести дека е позитивна на Ковид-19. Веднаш по известувањето бев исконтактиран од надлежниот епидемиолог од Битола кој според здравствениот протокол ми пропиша мерка самоизолација до 6-ти јули, заради кратката средба со мајка ми пред 5 дена во Кичево. Мерката доследно ќе ја почитувам, како што ги почитував и правилата за носење на маска и честа хигиена во изминативе 4 месеци“, напиша Милошоски.

Тој информира дека се чувствува добро и дека засега нема никакви симптоми. Посочи дека до 6-ти јули ќе има две задолжителни тестирања од надлежните медицински лица.

„Она што ние како луѓе треба да го правиме е да ги применуваме заштитните мерки, да бидеме внимателни во однос на пандемијата, и да ги почитуваме советите на лекарите. Останатото е на науката и на бога“, напиша Милошоски кој е кандидат за пратник на листата на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните избори.

Фото: Фејсбук/Милошоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вицепремиерот Османи заработи казна за зборување на мобилен додека вози

Редакција

Двајца повозрасни македонски туристи се удавиле на плажата Спиле, кај Драч

Редакција

Пратениците од власта и опозицијата сложни кога треба да се делат буџетски пари на партиите

Редакција