еМагазин
Image default
Македонија

Апел од Министерството за здравство: Состојбата со Ковид-19 е стабилна, да останеме одговорни

Согласно неделните извештаи на Институтот за јавно здравје за изминатиот месец, бележиме стабилизација на епидемијата во земјата, информираат од Министерство за здравство.

„Речиси сите епидемиолошки параметри според кои се евалуира состојбата со епидемијата бележат тренд на намалување, односно зголемување во однос на бројката на оздравени случаи.

Според вчерашната дневна статистика бројот на активни случаи изнесува 11.924. Споредено со истиот датум во декември кога бројката е 21.979, бројот на активни случаи е намален за 46%.

Еден од клучните индикатори е и бројот на хоспитализации на инфективните оддели во главниот град и болниците низ земјата. Вчера биле хоспитализирани 598 пациенти, што е речиси двојно помалку од хоспитализираните на истиот датум во декември, односно 51%.

По значителното намалување на бројот на хоспитализации, затворени се ковид центрите на Клиниката за очни болести и Клиниката за уво, нос и грло, а клиниките се враќаат на својата редовна работа,“ се вели во соопштението.

Министерството за здравство порачува граѓаните да останат одговорни и да продолжат доследно и целосно да се придржуваат до мерките за заштита од Ковид-19 и превенција од понатамошно ширење на вирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Намалување за 3%: 2.397 нови случаи на Ковид-19 за една недела

Четири лица биле на возраст од 30-49 години: 79 смртни случаи од Ковид-19 за една недела

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема да има реконструкција на Владата, тврди Ковачевски, трибините на СДСМ не биле вовед во предвремени избори

Редакција

Бугарија ќе испитува дали Резолуцијата за македонските „црвени линии“ е во согласност со Договорот со Македонија

Редакција

Детален преглед на состојбата по болниците каде се лекуваат пациенти со Ковид-19

Редакција