еМагазин
Image default
Македонија

Нема да има реконструкција на Владата, тврди Ковачевски, трибините на СДСМ не биле вовед во предвремени избори

Не е планирана реконструкција на Владата. Сега е период кога се подготвуваме за идната година. Интензивно ги презентираме буџетите на секое министерство поединечно, изјави премиерот Димитар Ковачевски. Повторно дециден дека предвремени парламентарни избори ќе нема.

-Владата функционира во еден полн капацитети за да се справи со сите предизвици кои ги има државата, а верувајте ми дека ова е мандат 11 месеци веќе којшто е исполнет веќе со големи предизвици со какви што досега не се соочувала ниту една влада, на еконономски, на енергетски план и ајде да кажеме на планот на обезбедување, на непречено функционирање на сите институции со оглед на хибридните закани којшто доаѓаат а кои се резултат на војната која што се води во Украина, рече Ковачевски.

Премиерот Ковачевски, кој е и претседател на СДСМ, запрашан дали трибините што ги организираше неговата партија се вовед во предвремени избори кажа дека парламентарни избори ќе има заедно со претседателските во 2024 година.

– Јас сум човек којшто се држи до своите ставови и не менувам ставови како други политичари и избори ќе има во 2024 година, прво претседателски, а потоа парламентарни избори. И самата анкета (ИРИ) ви покажува дека граѓаните се определни за европска иднина на државата, бидејќи доколку се погледнат внимателно процентите на партиите кои се за европска Македонија и зачленување во ЕУ и партиите кои што се за блокирање на тој процес  на партиите кои се за европска Македонија и зачленување во ЕУ и партиите кои се за блокирање на тој процес, тогаш пак се гледа разлика и можете уште сега да го видите резултатот дека во 2024 ќе имаме претседател на држава којшто е за зачленување на С Македонија во ЕУ, а таков можеме да предложиме само ние СДСМ, нормално со коалиционите партнери, рече Ковачевски.

Премиерот е убеден во 2024 година повторно ќе има Влада која што исто така ќе биде предводена од СДСМ и коалиционите партнери кои се за продолжување на европскиот пат на државата и зачленување до 2030 година во ЕУ.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Над 53 илјади пријавени за вакцинирање преку онлајн апликацијата, а 24.958 преку матичните лекари

Редакција

За 24 часа 2 нови случаи на Ковид-19 од 2.216 тестирања

Редакција

Бројките и понатаму високи: Нови 173 заболени од корона вирусот, најмногу во Скопје 75

Редакција