еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

„АстраЗенека“ одби средба со највисоки претставници на ЕУ за да разговараат за проблемите со испорака на вакцините

Производителот на вакцини „АстраЗенека“ одби да се сретне со највисоките претставници на ЕУ за да разговара за проблемите со производството на вакцини против коронавирусот.

Средбата беше откажана по „експлозивното“ интервју на извршниот директор на „АстраЗенека“, Паскал Сорао, кој рече дека компанијата нема договорна обврска, но се согласила „да даде сѐ од себе“ и да ја снабди ЕУ со својата вакцина.

Наместо состанокот што беше планиран вечерва, компанијата писмено ќе ѝ одговори на еврокомесарката Стела Киријакидес, која побара објаснување од „АстраЗенека“ зошто доцни со испорака и производството на вакцини.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Западен Балкан е преморен од историски недоразбирања, вели Заев

Редакција

Почна вакцинацијата против Ковид-19 во земјите од ЕУ

Редакција

(ВИДЕО) Хрватскиот претседател Милановиќ: Македонија и Албанија на „безобразен начин“ се држат пред вратата на ЕУ

Редакција