еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Хрватскиот претседател Милановиќ: Македонија и Албанија на „безобразен начин“ се држат пред вратата на ЕУ

Изјавата на португалската државна секретарка е резултат на незнаење и невнимание. Јас не сакам да бидам невнимателен во моите изјави, бидејќи можеби ќе и наштетам на Македонија. ЕУ одамна не е заедница на некои униформирани вредности, туку на некои сличности и што побргу тоа го сфатиме ќе одиме кон ЕУ. Ако не го сфатиме ќе одиме назад, бидејќи ЕУ има свои лимити до кои може да се оди. Сигурно не може да се оди над лимитите на националните држави, рече хрватскиот претседател Андреј Милановиќ на денешната прес-конференција со претседателот на државата Стево Пендаровски во Загреб, одговарајќи на новинарско прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Португалија измисли „северномакедонски“ јазик, и тој потекнува од бугарскиот

(АУДИО) Португалската министерка Закаријаш рекла „северномакедонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот јазик“

Според него, кога се влегува во нечиј интимен простор, во деликатни работи како идентитетот, правото на име и правото на јазик, тоа не завршува добро особено ако, како што нагласи, мотивите се опортунистички.

– Што ќе биде ако Хрватска го доведе во прашање црногорскиот јазик? И Босна и Херцеговина е наша соседна држава и тешко е на некој да му го одречеш правото да се нарекува со некое име и со тоа име да го нарекува јазикот.

Значи за мене е нормална работа босанскиот јазик, што би било кога би го оспориле? Тоа е погрешно и неморално. Црногорскиот јазик исто така. Тој е дел од идентитетот на таа држава, вели Милановиќ.

Тој оцени дека Северна Македонија и Албанија на „безобразен начин“ се држат пред вратата на Унијата.

– Македонија и Албанија треба да започнат со преговорите што поскоро и тоа нема да биде лесно. Ваквите пораки кои се испраќаат се обесхрабрувачки, дури и дискриминирачки, смета Милановиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Пендаровски од Загреб: Добрата вест е што португалското претседателство заврши

(ВИДЕО) Како хрватскиот претседател Милановиќ го пречека македонскиот колега Пендаровски

МИА/Фото/видео: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Почна исплатата на депозитите на штедачите од Еуростандард банка

Редакција

Кој е Ѓонул Бајрактар, кој доаѓа на местото на разрешената Мизрахи

Редакција

Штабот на Река: Малата излезност ја потврдува тезата дека 1/4 од населението е иселено од државата

Редакција